ОВА Е РЕКОРД?! Кај возач во Прилеп при алкотестирање биле измерени 2.99 промили алкохол во крвта
Во текот на изминатата вечер (07/08.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 29 возачи, при што кај возач во Прилеп при алкотестирање биле измерени 2.99 промили алкохол во крвта. Од нив 7 прекршоци на територија на Битола, 17 во Прилеп, 2 во Ресен и Македонски Брод и 1 Крушево.
За време на контролата биле санкционирани и 17 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.