Прилепчани “сплотени во едно”! Синоќа на градскиот плоштад ја дочекаа Новата 2026 година
Синоќа во Прилеп, одличната програма од “Прилепската празнична приказна” повторно донесе искрена празнична енергија. Насмевките, музиката и сплотеноста покажаа дека Прилеп живее со срце. Вчера вечерта на градскиот плоштад во Прилеп, прилепчани заедно со прилепскиот градоначалник ја дочекаа Новата 2026 година со незаменливите песни од Наум Петрески.
“Прилеп!
Среќна Нова 2026 година, драги сограѓани! Ви посакувам добро здравје, мир и благосостојба во вашите домови и семејства. Нека 2026 година ни донесе радост, незаборавни спомени и многу заеднички успеси!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















