На 15 прилепчани ќе им бидат доделени стипендии за додипломски студии на “Универзитетот за туризам и менаџмент” -Скопје

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

Денес во просториите на Општина Прилеп беше потпишан Меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, претставуван од ректорот проф. д-р Аце Миленковски. Во оваа прилика од страна на универзитетот беа дадени петнаесет стипендии за додипломски студии, кои што ќе бидат наменети за младите од општина Прилеп кои ќе се запишат за првпат во академската 2022/2023 година. Веднаш после средбата се огласи прилепскиот Градоначалник Јовчески при што истакна: “Нашата Локална самоуправа активно води грижа за младите и со оваа соработка имаме за цел да им помогнеме на идните академски граѓани во нивниот професионален развој преку организација и реализација на проекти, обуки, работилници и семинари заедно со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје”-истакна прилепскиот Градоначалник Јовчески

Можно е да е слика од 2 луѓе
Можно е да е слика од 3 луѓе и луѓе што стојат




Сподели го ова:

Слични објави