Проданоски: Успешни компании со визија и сериозен менаџмент, се темелот за развојот на Прилеп

Сподели го ова:





























Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со претставници од Комфи Ангел -Прилеп, каде порача дека успешните компании со визија и сериозен менаџмент, се темелот за развојот на Прилеп.

“Компанијата „Комфи Ангел“ е еден од тие примери што ни покажува дека кога постои јасна стратегија, труд и посветеност, резултатите се видливи и трајни.

Нашата програма за развој на локалната економија и бизнис заедницата е насочена токму кон создавање услови за вакви успеси. Заедно со стопанството ќе го движиме Прилеп напред, ќе отвараме нови можности и ќе градиме град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина.

Верувам дека само преку партнерство со бизнис заедницата ќе обезбедиме стабилен економски развој и подобар живот за сите” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави