Поминаа празниците, од денеска-сите на работа

Сподели го ова:


Новогодишните и Божиќните празници поминаа…Некои од граѓаните си ги споија деновите и си одморија дома, на планина, а некои ја искористија приликата и посетија некоја од туристичките дестинации надвор од нашата земја… Некои граѓани уживаа 4 дена во последниот споен викенд за време на Божикните празници…Меѓутоа како и да е, полека, но сигурно, од денес се враќаме на работните обврски. Дел од граѓаните со полу-празни џебови ја очекуваат и јануарската плата за да ги покријат големите трошоци кои што ги носи најголемиот, најдолгиот и најскапиот месец во годината. Како и да е, остануваат сеќавањата за одлично поминати празници, богата празнична трпеза и убави спомени за една прилично добра отпочната година, со нова надеж за подобро утре и по-просперитна иднина која граѓаните ја очекуваат.





Сподели го ова:

Слични објави