УБАВИНА: Црквата „св. Петар и Павле“ во Варош се подготвува за храмовата слава
По повод големиот претстоен христијански празник посветен на големите апостоли, црквата „св. Петар и Павле“ во Варош се подготвува за храмовата слава. Оваа црква е лоцирана во најстарата прилепска населба, каде традиционално секоја година во овој црковен храм се слави овој голем христијански празник.
Имено, на 12-ти јули е големиот православен празник посветен на св.Петар или кај народот попознат како “Петровден”, а ден покасно е “Павловден”, кој што секоја година се празнува на 13 јули.