ПОГЛЕДНЕТЕ: Во сите објекти на ДГ Наша Иднина-Прилеп беа спроведени низа активности наменети за најмладите

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден, по повод “неделата на детето” во сите објекти на ДГ Наша Иднина-Прилеп беа спроведени низа активности кои ги следат детските потреби и интереси.

Имено, при посетата на музејот на литература и уметност- Прилеп, најмладите уживаа во литературното читање од нивните членови и во нивната изложба од книги и предмети, бидејќи поезијата низ детските очи доаѓа и преку музиката.

Исто така, вчера со внимание најмладите од прилепските детски градинки го следеа и уметничкото читање на басни и приказни од нивниот гостин, актерот Игор Трпчески. Секој ден е среќен детски ден-посебно со вакви разновидни активности наменети за најмилите.




Сподели го ова:

Слични објави