УБАВИНА! БОЖИЌЕН РУЧЕК ЗА НАД 400 ДЕЦА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП
Денеска во Прилеп се одржа 18-ти по ред, Божиќен ручек наменет за повеќе од 400 деца, во организација на „Детската амбасада – За сите деца во светот“.
Зедно со господинот Петар- Митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски и со госпоѓа Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада, на сите деца, на децата без родители, децата на бранителите, децата со посебни потреби, како и на децата членови на Детската амбасада за сите деца во светот, им го честитавме празникот и Новата година со желби за многу здравје, радост, среќа, успех и безгрижно детство. Секоја година нашата Локална самоуправа го поддржува овој настан и оваа година исто така за сите деца обезбедивме новогодишни пакетчиња. Во иднина имаме предвидено неколку хуманитарни настани кои што ќе се реализираат во текот на годината и кои што ќе ги поддржиме, со цел да им овозможиме на сите дечиња да ја почувствуваат магијата на празниците и магијата на детството се разбира, ,,Едно небо за сите деца”! Божик е празник на љубовта и хуманоста и во овие денови, секој од нас, според своите можности треба да им помогне на оние на кои помошта им е неопходна. Токму и целта на овој настан е сите ние да се чувствуваме еднакви и празникот да го славиме заедно. Бидите живи и здрави! Христос се роди – Навистина се роди“ – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.