ЈП Паркинзи-Битола со тужба за „Поинаку“ доколку не се извинат за навредите и клеветите на социјалната мрежа Фејсбук

Сподели го ова:





























Битолски паркинзи излезе со соопштение во кое се вели:

“Повеќе пати ЈППЈЛП Битола било цел на “аполитичните” самопрогласени спасители на градот кои се здружени под име Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола. Согласно основната култура сме ги игнорирале неоснованите и недолични напади со верба и надеж дека „аполитичните“ ќе се вразумат и ќе ја сфатат тежината на јавно искажаниот збор, односно одговорноста натој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или надруг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење и за штета нанесена на честа и угледот на лицето предмет на искажаните лаги и невистини. Сме имале разбирање дека сакаат да привлечат внимание врз себе со креирање на невистини, за што имногу пати од страна на „аполитичните“ Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола,  била злоупотребена и говорницата во Советот на општина Битола како алиби за да не се соочат со одговорност за искажаните клевети и навреди. 

Но, гледаjќи дека неоснованите напади не престануваат ги повикуваме Здружение за граѓански развој „Поинаку“ да се извинат и јавно да се повлечатодклеветите и навредите искажани на Фејсбук и Инстаграм постот креиран на страните на „Поинаку“ на ден 13.01.2025 година, а со кои директно е повредена честа и угледот на ЈППЈЛП Битола и честа и угледот на законскиот застапник на ЈППЈЛП Битола.

Во спротивно ќе бидеме приморани да поведеме судска постапка за одговорност на Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола за искажаните клевети и навреди

Рокот за извинување и јавно повлекување е 3 дена.

Со надеж дека ќе преовлада здравиот разум кај Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола ќе постапат по горенаведените барања со што и надлежните институции ќе ги оставиме да се занимаваат со суштински проблеми наместо со малодушни и неосновани фејсбук памфлети – информираат од ЈППЈЛП – Битола.




Сподели го ова:

Слични објави