Починатиот Андреј од ДНК, по втор пат влегол во дискотеката за да спасува деца
Почина и Андреј од групата ДНК. Пејачот за последен пат бил виден како по втор пат влегол во дискотеката за да спасува деца, и од тогаш му се губи секаква трага, се до моментот кога денеска официјалните надлежни институции соопштија дека во листата на починатите се наоѓа и неговото име.
Исто така, и другиот член на групата Панчо, е еден од повредените лица од пожарот во дискотеката во Кочани. Истиот има изгореници на лицето, на раката.
















