Ни претстои одличен кошаркарски викенд во Прилеп! Во сабота КК Мега Баскет го пречекува тимот на КК Охрид во рамките на 5-то коло од Првата Македонска лига

Сподели го ова:






























Љубителите на кошарката – подгответе се за две возбудливи средби на домашен терен во организација на КК Мега Баскет! 🔥

📅 Сабота, 15.11.2025 – 19:00 часот

👉 Нашата сениорска екипа на КК Мега Баскет го пречекува тимот на КК Охрид во рамките на 5. коло од Првата Македонска лига.

🏆 Моментално прилепската кошаркарска екипа има скок од 3 победи и 1 пораз – време е за нов триумф пред домашната публика! 💪

📅 Недела, 16.11.2025 – 16:00 часот

👉 На терен излегува нашата младинска екипа, подготвена за нова борба и спортски спектакл!

📍 Место: Спортска сала „Добре Јованоски“ – Прилеп

Дојдете да ги поддржиме нашите кошаркари и заедно да создадеме вистинска спортска атмосфера во нашиот град!




Сподели го ова:

Слични објави