ПЕТКОСКИ, ВЕДНАШ МУ ОДГОВОРИ НА СДСМ: Eтапно и паралелно со исплаќањето на вашите направени долгови ќе следува и реализацијата на сите ветени проекти

Сподели го ова:





























Веднаш после денешната прес конференција која ја одржа претседателот на ОО на СДСМ-Прилеп Зоран Пачешкоски, во однос на досегашното работење на градоначалникот Борче Јовчески и локалната власт во Прилеп, со реакција на социјалните мрежи се јави и Влатко Петкоски од ВМРО-ДПМНЕ, при што истакна:.

“Празно слово на хартија беа ветувањата и “реализацијата” на СДСМ во претходниот мандат на локално ниво, како и мизерното и срамно практикување на власта на централно ниво и продажба на државата! Затоа Прилеп сеуште ги исплаќа вашите расипнички методи на трошење на народните пари! Дали вие господа од СДСМ имате лице да се појавувате пред граѓаните на Прилеп и Република Македонија! Да се чуди човек.

Не се секирајте, Општина Прилеп со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески е на правиот пат, етапно и паралелно со исплаќањето на вашите направени долгови ќе следува и реализацијата на сите ветени проекти!” – истакна Петкоски од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави