Отворена изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“ во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
Во рамки на денешните настани, беше отворена и изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“, изложба на икони во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со што симболично и достоинствено започна програмата за одбележување на градската слава.

Со ова, Прилеп официјално го започна чествувањето на својот заштитник – Свети Никола, а сѐ е подготвено за утрешното централно одбележување на 20-годишниот јубилеј од градската слава.

Уште еднаш, во името на градот, ги покануваме сите жители на Прилеп и на Македонија во петок на 19ти декември во центарот на Прилеп, во 12:00ч, заедно да го одбележиме овој значаен празник, во духот на традицијата, почитта и заедништвото – истакнаа од Општина Прилеп.


















