Градоначалникот Јовчески: Мораме да продолжиме да ја обновуваме и да ја чуваме природната средина

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Денеска, Интернационалната полициска асоцијација Македонија – Регион Прилеп и Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, организираа акција за пошумување во атарот на манастирот „Света Петка“ во с.Лениште, при што во рамките на оваа акција беа засадени околу 2.000 багремови садници. Имено, за оваа акција постои огромна надеж дека ќе стане традиционална. Денеска оваа акција ја поддржаа голем број на прилепчани меѓу кои и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Во однос на денешната акција, Јовчески истакна:

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат, дрво и надвор

“Денес се приклучив во акцијата за пошумување во атарот на манастирот Света Петка во с. Лениште, Прилеп. Акцијата беше организирина од Интернационалната Полициска Асоцијација – Регион Прилеп и Џудо клубот – Сеишин од Прилеп. Мораме да продолжиме да ја обновуваме и да ја чуваме природната средина”-истакна прилепскиот Градоначалник Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави