Општина Прилеп во интерес на прилепчани бара од Јавното претпријатие за Државни патишта да профункционира уличното осветлување на клучката при влезот за Прилеп од страна на Битола

Сподели го ова:
















Со цел подобрување на сите состојби на територијата на Општина Прилеп, Градоначалникот и службите постојано се на терен во интерес на граѓаните.

При такви рутински секојдневни излегувања на терен констатирана е состојба на клучката при влезот за Прилеп од страна на Битола, дека уличното осветлување не е во функција.

Во соопштението од Општина Прилеп се вели: “Во насока на транспарентноста на Општина Прилеп, потенцираме дека иако тој дел од сообраќајница не е под надлежност на локалната самоуправа, а спаѓа во надлежност на Јавното претпријатие за Државни патишта, сепак поради тоа што станува збор за состојба од јавен интерес, од општината е пуштен  допис и барање до истиот надлежен орган за што побрзо санирање на дефектот во осветлувањето на овој дел од клучката за безбедно одвивање на сообраќајот и на сите учесници во него. Како општина главен акцент и фокус  на реализација ни се проекти за урбанизација на сите влезови во град Прилеп”-се истакнува во соопштението од Општина Прилеп







Сподели го ова:

Слични објави