Градоначалникот Проданоски го посети Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во рамки на Неделата на грижата за старите лица
Денеска прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски го посети Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, во рамки на Неделата на грижата за старите лица. Оваа недела нè потсетува дека вниманието, почитта и љубовта кон постарите генерации се темел на секое здраво и одговорно општество.

Како градоначалник и како Локална самоуправа, со посветеност ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа јавна општинска установа. Само оваа година, преку инвестиција од 3.100.000 денари во современа опрема, значително ги подобривме условите за работа на вработените и условите за живот на штитениците, за што упатувам благодарност до раководството за сите успешно реализирани проекти. Нашата цел е јасна, секој тука да се чувствува достоинствено, безбеден и вреднуван. Грижата за луѓето од третото доба не е само наша обврска, туку и лична заложба, која ќе продолжиме да ја следиме секојдневно – порача Проданоски.
















