Повелете во Крушево! Украсено е како никогаш до сега, а има и одлична забава за сите генерации !!
Викендов започна новогодишната магија во Крушево. Повеќе од очигледно е дека три недели Крушево ќе живее во вистинска новогодишна бајка во која покрај крушевчани ќе уживаат и многу бројните туристи.

Мора да се признае дека со вакви многубројни културни настани Крушево започнува да прераснува во еден модерен, културен туристички центар кој ќе претставува магнет за туристите за време на новогодишните празници.

Под слоганот “Празничен шепот на крушевската чаршија”, поддржана од градоначалникот Чонески и крушевски компании, оваа година крушевчани и туристите во Крушево ќе уживаат во најбогатата програма на годинешната крушевска “Зимска приказна” која започна викендов. Новогодишната програма опфаќа голем број на на културни настани, театарски претстави за деца, музички бендови и што ли уште не!
Крушево за прв пат вистински сјае – секој тоа нека знае!















