Распоред на смени за сите ученици во ООУ „Рампо Левката“ -Прилеп
ООУ „Рампо Левката“ -Прилеп своите ученици во новата учебна година ќе ги пречека со одлични услови за учење. За разлика од пред 4 години, сега во училиштето има нови клупи, одлично партерно уредување, автоматски систем за наводнување, автоматска порта со сензори, рекреативни справи и што ли уште не! Во изминативе години во ООУ “Рампо Левката”-Прилеп се реализирани голем број на инфраструктурни проекти, во насока на подобрување на наставнообразовниот процес.
Во пресрет на новата учебна година, ООУ „Рампо Левката“ -Прилеп ќе ја започне по следниот распоред:
Информативната редакција на СТАНИЦА.МК на сите ученици им посакува среќна, успешна и благословена нова учебна година, со желби за големи успеси на сите образовни полиња.