Учениците од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски -Питу” на средба со прилепскиот градоначалник – одлична можност за размена на идеи
Младите имаат што да кажат — и убаво е кога некој навистина сака да ги слушне! 
Учениците од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски -Питу” беа на средба со прилепскиот градоначалник – каде имаа одлична можност за размена на идеи. Учениците беа дел од настанот „На кафе со Градоначалникот– отворен разговор со младите“
Средбата се одвиваше во пријатна атмосфера, со многу дискусии, споделени искуства, идеи и позитивна енергија
️
Ваквите средби се одлична можност младите да го искажат својот глас и да бидат дел од разговорите што ја обликуваат заедницата во која живееме.


















