УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп предводена од Христијан Тунески вечерва спроведе осмомартовска акција
Христијан Тунески иако кратко време е Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, сепак се гледа дека активно работи на терен во интерес на своите сограѓани. Станува збор за квалитетна, интелектуална личност, која што преку своите способности придонесува кон креирање на уште подобри политики за младите во Општина Прилеп. По повод Меѓународниот ден на жената 8 март, вечерва, симболично УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, предводена од Христијан Тунески спроведе акција каде што со членовите од УМС им подарија по една ружа на членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп. “Со овој гест покажуваме дека жените заслужуваат посебно внимание во секој сегмент од нашето општество.Им посакуваме честит 8-ми март!”-истакнуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп. Во прилог, погледнете ја галеријата на слики од овој настан: