Мицкоски: Сигурно ниту на Методија Андонов Ченто, ниту пак на Димитар Влахов или Михајло Апостолски не им било ниту малку лесно да се соочат со најголемата фашистичка сила дотогаш

Сподели го ова:


























Во предвечерието на 13 ноември, тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста на нашиот народ да се бори за слобода и достоинство. На овој ден, Скопје извојува своја победа и таа победа е наша колективна гордост, наша заедничка инспирација. И затоа Скопје не е само град; тоа е душата на Македонија, срцето на нашата историја и симбол на нашата издржливост – истакна вчера во својот говор премиерот Христијан Мицкоски по повод 80 години слободно Скопје, каде меѓу другото порача:

Оваа метропола повеќе пати израснуваше од урнатини, ги минуваше своите најтемни ноќи и се издигна посилна од кога било. Сигурно ниту на Методија Андонов Ченто, ниту пак на Димитар Влахов или Михајло Апостолски не им било ниту малку лесно да се соочат со најголемата фашистичка сила дотогаш, но тие веруваа во отпорот, веруваа во идеалите и потоа чекореа гордо низ Слободно Скопје.Таа победа беше на нашиот народ и ние сега и сите генерации после нас имаат право да се повикуваат на придобивките од таа победа. Денес, на овој посебен ден, кога се сеќаваме на ослободувањето на Скопје, стоиме обединети не само за да ја славиме нашата историја, туку и за да ја потврдиме нашата посветеност на иднината – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави