На кој “паметен” му текна да го уништи амфитеатарот во населбата Варош?

Сподели го ова:





























За неполни 7 месеци од обновувањето на амфитеатарот во населбата Варош, истиот е скоро целосно уништен. Со помош на опрема се извадени дрвените штафни, оние кои не можеле да се земат се искршени. Уништено е и детското игралиште до амфитетарот, земени се носечки железни цефки од клацкалките и друга урбана опрема.

И наместо ,,Комуналец’, и Локалната самоуправа планираните финасиски средства да ги трошат на нови добра за граѓаните, со години се одлеваат пари за поправки.

Апелите не помагаат, а културата и совеста кај одредени граѓани е на најниско ниво за зачувување и вниманито кон корисните добра, а кои се од интерес за сите граѓани и посетители.




Сподели го ова:

Слични објави