ЧЕСТИТКИ! Бухова, си го вработи својот син во “АЕК”??

Постојано деновиве кружеа информации и прашања во однос на тоа дали Ѓоко Бухов, кој што е син на директорката на Државниот здравствен инспекторат – Иринка Сотирова Бухова, е нововработен во Агенцијата за електронски комуникации како помлад соработник за човечки ресурси.
Дилемата е решена во текот на денешниот ден, благодарение на Радио Слободна Европа, кое стапи во контакт со Бухова, при што таа во однос на поставеното прашање истакнала дека нејзиниот син е вработен во АЕК минатата година, – откако конкурирал на оглас. Претходно конкурирал за работа во АД Водостопанство и приватната фирма Лука Мобил, меѓутоа таму не бил примен. А што мислите Вие? Која е вистината??


















