Погледнете! Одличен новогодишен концерт на Музичкото училиште ,,Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп
Во четвртокот, на 26.12.2024 година, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп се одржа новогодишниот концерт на Музичкото училиште ,,Ордан Михајлоски-Оцка” – Прилеп. Ова училиште е еден расадник на таленти во нашиот град. За тоа се разбира, заслужни се раководниот тим на училиштето и професорите, кои што постојано ги едуцираат учениците во правецот на музиката.
Вчера вечерта, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, публиката уживаже во одличните интерпретации на учениците од ова основно музичко училиште, а публиката после секој настап ги наградуваше учесниците со громогласни аплаузи.
Честитки за прекрасната програма во која сите ние синоќа уживавме, а информативниот тим на информативниот портал СТАНИЦА.МК им посакува уште многу успеси на сите професори и ученици од ова основно, прилепско, музичкото училиште.