Од утре, цената на дизелот се намалува за три денари

Сподели го ова:


























РКЕ на Република  Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, и тоа во просек за 1,38% во однос на минатата одлука која беше донесена на 16.09.2022 година.

Врз основа на новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека пак малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува  50,391 ден/кг. Што се однесува пак до малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, битно е да се напомене дека тие не се менуваат.

Од утре, 20.09.2022 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95    84,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98   87,00   (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    92,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  50,391 (денари/килограм)




Сподели го ова:

Слични објави