Жена, агресивно се однесувала кон полициски службеници
Вчера, (18.01.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја привеле У.С.(29) од Република Турција затоа што го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – ИНФОРМИРА МВР.