Од срце за Никодим! Погледнете колку многу прилепчани вечерва трчаа за Никодим
Вечерва, во 19 часот започна трката „Трчаме 5-ка за Никодим“, која исто така е дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп.

Оваа година, покрај тоа што го чествуваме големиот празник на нашиот град, имаме и благородна цел – заеднички да помогнеме на малиот Никодим, кој има потреба од нашата поддршка.
Големиот број на прилепчани вечерва докажаа за нашето прилепско заедништво и хуманост, и покажаа дека кога сме обединети, можеме да направиме многу за оние на кои им е потребна помош.
















