ВМРО ДПМНЕ: Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки

Сподели го ова:























Како што изјавуваат од ВМРО-ДПМНЕ системска корупција во нашава земја е таа која што доведе дo несреќа од 44 жртви. “Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан. Автобусот на Беса транс немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе. Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати.Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите. Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена. Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност“-е наведено во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ



Сподели го ова:

Слични објави