Од денеска дел од цигарите поскапеа за 10 денари
Дел од цигарите, денска поскапеа за 10 денари. За 10 денари поскапеа повеќе брендови и видови на цигари како што се: Bond, Marlboro Core, Touch, Slim, Touch XL, Chesterfield Original, Blue, Silver, Original100s, Blue100s, Slim, Chesterfield Supreme, Oriental, Aqua. Претходниот бран на поскапување беше и минатата недела, кога дел од брендовите на цигарите добија нови цени. Процесот на поскапување на цигарите се очекуваше како резултат на најавата од минатиот месец, иако никој од производителите во нашата земја официјално не ја потврдија таа информација.