Од 23-ти до 29-ти април Битола повторно ќе стане светска театарска сцена! Започнува Фестивалот на монодрама
Официјалната програма на Фестивал на монодрама!
Од 23 до 29 април, Битола повторно ќе стане светска театарска сцена каде еден актер е доволен за да создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации.
27. Интернационален фестивал на монодрама- Битола ја носи пред публиката официјалната програма со внимателно избрани претстави од различни земји, уникатни актерски интерпретации и силни сценски исповеди кои го слават најчистиот облик на театарот – монодрамата.
Во текот на седум фестивалски денови ќе гледаме претстави што отвораат прашања, предизвикуваат емоции и ја ставаат човечката приказна во центарот на сцената.
23 – 29 април
Битола


















