Од 1-ви Октомври во нашата земја – Лична карта и возачка дозвола во телефон!
Министерството за дигитална трансформација континуирано работи на дигитална апликација, со помош на која што граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик.
Како што вели министерот Андоновски, станува збор за „дигитален паричник“, кој што многу наликува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат т.н. “спакувани” во една апликацијата, со помош на која граѓаните ќе можат да ја покажат и да се легитимираат.


















