Вреди да се погледне! Прилепскиот народен театар овој петок со уште една изведба на претставата Бура
Овој петок со почеток од 20 часот во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе биде изведена претставата “Бура”, дело кое се смета за последната драма на Шекспир. Билети за претставата може да си резервирате на 076 442 378.
БУРА
Вилијам Шекспир
Режија и адаптација: Џон Блондел
Сценографија, костими, светло и плакат: Благој Мицевски
Музика: Томе Темелкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Играат:
ПРОСПЕРО, вистинскиот војвода од Милано……………………………………………………ИГОР ТРПЧЕСКИ
МИРАНДА, ќерка му………………………………………………………………………………….АНГЕЛА НАУМОСКА
АРИЕЛ, дух, ветроштина………………………………………………………………………….ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
КАЛИБАН, роб на Просперо………………………………………………………………………..НАТАША АЧАНСКИ
АЛОНЗО, кралот на Неапол; ТРИНКУЛО, шут…………………………………………ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
АНТОНИО, брат на Просперо; СТЕФАНО, служител………………………………..АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ
ФЕРДИНАНД, син на Aлонзо; ГОНЗАЛО, советник………………………………..МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ
СЕБАСТИЈАН, брат на Алонзо…………………………………………..КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА
ЈУНОНА, дух во служба на Просперо………………………………………………………………….АНА МИТОСКА
Техничка екипа:
Инспициент – Елена Иваноска
Суфлер – Лилјана Батлеска
Светло мајстор – Ристе Гркоски
Сликар исполнител – Пеце Ристески
Реквизитер – Гоце Тодороски
Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер – Даринка Богоеска
Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски
В.д. директор – Јасмина Мицовска Станкоска
Текст
Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат, предавникот Антонио плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа. Антонио и Себастијан планираат да го убијат Алонзо, додека Тринкуло и Стефано се сретнуваат со Калибан, кој ја заговара смртта на Просперо. Ариел ги спречува сите заговори; Просперо го открива својот идентитет и им простува на својот брат и на Алонзо за нивното предавство. Просперо го пушта Ариел на слобода, а останатите – оставајќи го Калибан на островот – пловат кон Неапол.