Од 1-ви декември просечната сметка за струја ќе биде зголемена само за 130 денари

Сподели го ова:






























Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека цената на топлинска енергија од 1 декември за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ( ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ производство) се зголемува во просек за 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето во просек е за 7,6% и за Скопје Север – Енерџи Еко Линк во просек за 7,7%.
„Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за 130 денари. (од 2200 денари на 2 330 денари). Во периодот што претстои мора да се направи долгорочно стратешко планирање и да се отпочне со сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа. Овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување, ќе овозможат ширење на мрежата, што ќе влијае врз зголемување на конзумот. Ќе повторам и сега затоплувањето на парно е најекономично, анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно, повторно се приклучат на системот сметките ќе се намалат за околу 10% “ посочи Марко Бислимоски
Вкупно 65 000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.




Сподели го ова:

Слични објави