За убаво да е! Започна иградбата на нов манастирски конак во манастирот св. Јоаким Осоговски

Сподели го ова:


























Свечено и во прекрасна духовна атмосфера со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Митрополитот Кумановско-Осоговски, Владиката Григориј, нашиот министер за култура и туризам Зоран Љутков просуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нов манастирски конак во рамките на манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“. Се работи за најстариот конак на овој манастирски комплекс кој е урнат во 18 век.

Инаку традиционално кривопаланчани денес го прославуваат својот патрон и заштитник „Свети Јоаким Осоговски“. На овој празник во двата храма на манастирот, посветени на Богомајката Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски се собираат огромен број верници и посетители од државата и од странство, се сместуваат во манастирските конаци и се подготвуваат за чествувањето на празниците.Со светата и божествена литургија во чест на празнувањето на Успението на Богомајката, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со повеќе архијереи од Македонската православна црква-Охридска архиепископија и архијереи од соседните православни цркви – бугарската и српската.



Сподели го ова:

Слични објави