NEW GENERATION – Прилеп на престижниот STAGE Skopje 2023 освоиjа седум први места и четири пехари!
Викендов во Скопје се одржа STAGE SKOPJE 2023, каде што со свои натпреварувачи поединечно и во формации настапија и девојките од прилепското танцово студио “NEW GENERATION”. Натпреварот во Скопје е еден од.најпрофесионалните и најпрестижните танцови натпревари. Девојките од прилепското танцово студио ги освоија следниве места:
Во формации први места освоија:
Во категорија HIP HOP KIDS DANCERS, прво место освои формацијата D.S.N.G I HAPPY GIRLS. Колку за потсетување овие девојки беа многу високо бодовани од стана на судиите на натпреварот. , Формацијата BLOCK 088 освои второ место.
Во категорија хип-хоп и STREET DANCE за деца, првото место и припадна на Михаела Јованоска, Магдалена Еленоска беше прва во хип-хоп – јуниори, додека пак четвртопласирана беше прилепчанката Христина Силјаноска во хип-хоп. Талентираната Ивана Богојевска освои прво место во STREET DANCE соло, која исто така се здоби со награда и ваучер за бесплатно учество на натпревар во Словенија.