|

Огромен интерес помеѓу прилепската младина и за втората закажана новогодишна детска претстава

Сподели го ова:


Како што знаете во Прилеп на 26.12.2021 (недела) ќе има детски магичен театарски спектакл во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп. Првата претставата започнува со почеток во 11 часот, а карти за првата претстава веќе нема. Меѓутоа заради големиот интерес закажана е и втора претстава истиот ден-26.12.2021 со почеток во 13 часот, а картите и за втората се веќе при крај. Заради големата уникатност на претстават постои голем-огромен интерес и за втората претстава, па врз основа на тоа се бара и карта повеќе. Цената е 150 денари, а картите се резервираат на 078/66-77-97или директно во Тобако Плус-(центар-поточно кај стара Алфа) Игротека Моја Бајка, Игротека Дизни-кај Табана и Игротека Jim Jam во Точила! Имено Прилеп е еден од неколкуте градови каде што овој месец ќе гостува оваа ексклузивна претстава. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња ќе мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој ќе претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП. Во претставата е предвидено магионичарот преку магија да извади вистински зајачина, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, ќе предизвика големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови ќе предизивика и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година која ќе ја повикаат децата да пристигне во салата. Претставата е пропратена и со музички песни кои специјално за децата ќе ги испеат Дедо Мраз и Новата Година. Учествуваат: Дедо Мраз, Новата година, Старата Година и вистински Магионичар. На крајот следува бесплатно сликање со Дедо Мраз, Магионичарот, белите зајачина и гулабите кои што ќе стојат на рамото на детските посетители, а на ваков начин детската публика ќе создаде уникатен новогодишен магичен детски спомен, спомен кој што долго ќе трае како еден драгоцен спомен од нивното детско. Како резултат на тоа што до сега станува збор за уникатна магична детска музичка претстава каква што не прикажана во нашата земја, претставата овој месец е поканета да гостува во повеќе градови во нашата земја, а честа ја има секако и градот Прилеп.Резервации на 078/ 66-77-97





Сподели го ова:

Слични објави