МАКЕДОНЦИ НА “ПЕЧАЛБА” ВО АЛБАНИЈА: Краделе по плажите – полицијата ги приведе
Албанската полиција привела двајца државјани на Република Македонија кои оперирале на плажа во Албанија. Станува збор за момче и девојка, кои краделе на плажата во Саранда.
Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија – извести тамошната полиција.