Нека им се множат! Продавницата за готвена храна “Ана Марија Фуд” слави 5 години успешно постоење
Денес, продавницата за готвена храна “Ana Marija Fud” слави 5 години успешно постоење. Имено, тимот на “Ana Marija Food”, упатува голема благодарност до своите потрошувачи за укажаната доверба, доверба без која “Ana Marija Food” немаше да биде она што е денес. Цели 5 години градот го има најдобриот вкус на храна кој што под “прва” ќе Ве освои, а токму заради нивниот докажан квалитет, “Aна Марија Фуд” и во иднина ќе постои! А денеска од “Aна Марија Фуд” за сите верни потрошувачи, следува одличен роденденски подарок, при што само денеска сите готвени јадења ќе бидат по симболична цена од само 109 денари!
Како што истакнуваат од страна на”Ana Marija Food” во нивната роденденска објава, и понатаму ќе продолжат чесно и одговорно да ја оправдуваат стекнатата доверба кон потрошувачите, и дека и понатаму ќе се трудат да ги задоволуваат барањата на нивните потрошувачи преку голем број на одлични вкусови, и вкусна квалитетна храна.
Колку за потсетување, прилепчани и околината околу Прилеп имаат посебна привилегија бидејќи секогаш на располагање имаат совршена-одлична кетеринг услуга, која што им ја нуди најдобриот кетеринг сервис “Ана-Марија Фуд”, каде на едно место може да се најде највкусната, најдобрата и најквалитетната храна. Инаку овој современ кетеринг сервис, нуди можност за обезбедување на храна за фирми и современи кетеринг услуги, а исто така “Ана-Марија Фуд” е местото каде што секојдневно се посетува од страна на прилепчани од каде што самите граѓани по најпристапни цени си купуваат од разновидното мени на готовата храна за дома, која што со љубов и задоволство е приготвена од страна на професионалните мајстори-кувари од “Ана-Марија Фуд”.