| | |

ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Ова е последен пат да пеам во Прилеп!

Сподели го ова:
























Информативниот тим на “STANICA.MK” како еден од двата најчитани портали во прилепскиот регион, а ако не и најчитаниот во Прилеп (врз основа на последните објавени извештаи и статистики на читаност и посетеност), секогаш е постојано на терен за да Ве информира за најновите случувања и настани. Врз основа на тоа, она што вчера вечерта беше актуелно во Прилеп, беше одличниот концерт на Владо Јаневски во прилепскиот клуб “Calypso”, а нашата информативна екипа беше таму веднаш до бината се со цел за да преку слики и текст, барем за миг, да ја доловиме вчерашната атмосфера на сите оние кои го пропуштија спектакуларниот концерт на Владо Јаневски.

Владо Јаневски, чаирскиот романтичар кој што иако веќе не живее во Чаир до каде претходно живееше, очигледно решил да се одмори од напорните настапи, концерти и живите свирки во ноќните клубови. Јаневски, вчера имаше одличен настап во живо, во ноќниот клуб “Calypso” пред прилепската публика која го пратеше во текот на целата вечер, која ги пееше неговите песни почнувајќи од првата, па се до последната. Она што беше највпечатливо кај прилепската публика беше фактот што 90% од присутните беа девојки и жени од 18, па се до 60 години, а тоа говори дека песните од Владо ги слушаат сите од 7, па се до 77 години.

Веќе сум стар, и ќе се пензионирам…така решив -Ова е последен пат во животот да пеам во Прилеп, благодарам на сите што вечерва дојдовте, благодарам на поддршката сите овие претходни години…” Според неговата изјава ова беше неговиот последен настап во неговата богата кариера, а тргнувајќи од ваквата негова констатација, прилепчани вчера ја имаа привилeгијата од цела македонска јавност да бидат присутни на последниот концерт на чаирскиот романтичар. Иако нагласи дека веќе е стар, сепак така не изгледаше на вчерашниот негов настап, бидејќи Владо како и секогаш беше коцкан од глава до пети, а вечерта беше облечен целиот во бело, онака модерно и со нагласен стил, а гласот ми се чини дека го држеше како никогаш до сега, бидејќи пееше во живо, без прекин од прва, па се до последна песна.




Сподели го ова:

Слични објави