Не пропуштајте! Во Битола започна „Неделата на франкофонски филм“

Сподели го ова:





























На 06.04 во Битола беше свеченото отворање на „Недела на франкофонски филм“ во малата сала на НУ Центар за култура Битола, со проекција на филмот „Тивок бунт“ (À bras-le-corps) во режија на Мари-Елса Сгуалдо, а во организација на Амбасадата на Швајцарија.

„Недела на франкофонски филм“ е организирана од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија), како и со НУ Центар за култура Битола, НУ Кинотека, Почесниот конзул Калиопа Стилиновиќ Кривашија и Француската алијанса Битола.

______________________________________

ПРОГРАМА

Понеделник, 6 април 2026 | 20:00 ч.

Отворање

À bras-le-corps – Мари-Елса Сгуалдо (2025, 1ч36мин)

Во организација на Амбасадата на Швајцарија

Вторник, 7 април 2026 | 20:00 ч.

Кога доматите се сретнаа со Вагнер

Мариана Економy (2019, 1ч13мин)

Во организација на Амбасадата на Грција

Среда, 8 април 2026 | 20:00 ч.

Затворање

Марија, кралицата на Романија (Maria, Queen of Romania / Coeur de la Roumanie)

Тревор Путс (2018, 1ч50мин)

Во организација на Амбасадата на Романија




Сподели го ова:

Слични објави