Патеката која е во дворот на “прилепски Параклис”, ќе добие нов асфалт

Сподели го ова:


























Како што информиравме претходно, во Прилеп се прават финалните подготовки од завршувањето на предвидената рехабилитација на околу 60 улици ширум нашата општина, а една од тие е и уличката/ патеката која е во самиот двор во црквата св. Кирил и Методиј во Прилеп.

Со цел да го подигнеме квалитетот на инфраструктурата во општина Прилеп, нашиот тим работеше неуморно и оваа инвестиција ќе допринесе значително за подобрување на безбедноста во сообраќајот, ублажување на проблемите со инфраструктурата и подигнување на квалитетот на живот на сите наши жители – истакнуваат од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави