Наставник од Прилеп заработи кривична пријава за малтретиpaње на ученици
Врз основа на информациите од ОВР-Кичево, поднесена е кривична пријава против лецето М.С.(38) од Прилеп, заради постоење на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба”.
Имено, претходно наведеното лице од Прилеп, на 10.10.2022 во основното училиште во Македонски Брод каде што работел како наставник, употребил физичка сила за да изнесе двајца ученици од училиштето, при што на еден од нив – му нанел повреди.
Врз основа на ова, ОВР-Кичево на ова лице му поднесе соодветна кривична пријава.