STANICA.MK ПРВА ДОЗНАВА: Повеќе од 40 улици во Прилеп ќе добијат нов асфалт
Прилепчани ќе добијат над 40 асфалтирани улици, обиколница, како и геолошки истражувања за катна гаража. На денешната прес-конференција од центарот на Прилеп, прилепскиот градoначалник Борче Јовчески најави градежна офанзива каде што повеќе од 40 улици во Прилеп ќе добијат нов асфалт.
“Наскоро подготвуваме градежна офанзива… Повеќе од 40 улици се мапираат и истите ќе бидат рехабилитирани и со нов асфалт обновени. Така да ја завршуваме комплетната слика – приказна за 2022 година” – истакна Јовчески