НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ! Вчера, “The best of Prilep” – ги обедини сите прилепчанчиња

Сподели го ова:


























Вчера вечерта во големата сала во НУЦК Mарко Цепенков во Прилеп, се одржа детската манифестација “The best of Prilep by JANA”, на која учествуваа околу 250 учесници од Прилеп на возраст од 4 до 7 години. Две недели пред настанот, од страна на организаторот имаше објавено повик за пријавување / учество на оваа манифестација.

Песни, игри, балет, пеење во живо и што ли уште не, вчера можеше да се види на сцената во Марко Цепенков. Публиката уживаше во сите точки, и ги подреше нашите најмили со огромни аплаузи.

Задоволни родители, и уште позадоволни детски срца, беше вчерашната слика од оваа детска манифестација, меѓутоа и покрај се, едно е сигурно, а тоа е дека вчера вечерта во Прилеп уживаше и “младо и старо”, и имаше една обострана, меѓусебна, взаемна енергија која преовладуваше на голема сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп.

Организаторот БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА и Гоце Балада вчера организираа еден беспрекорен детски настан, со кој што Прилеп може да се гордее, и истиот секоја година традиционално ќе се одржува во втората половина во месец јуни во градот под Марковите Кули.

На крајот, Гоце Балада на учесниците им подели посебни дипломи за учество, бидејќи како што истакнува и самиот тој, децата не треба да се делат, и на оваа манифестација сите се победници. Настанот беше поддржан од страна на Комфи Ангел-Прилеп, и информативниот портал STANICA.MK, кој од страна на организаторот ја имаше ексклузивата да известува за овој настан.




Сподели го ова:

Слични објави