ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ПРИЛЕП: Прилепчанец попладнево изгоре во пожар – запалил стрниште на неговата нива
Прилепчанец попладнево изгоре во пожар, веднаш откако запалил стрниште на неговата нива. Несреќата се случила околу 13 часот.
-Прилепчанецот запалил стрниште на својата нива во месноста викана Поводенци кај Прилеп. Пожарот излегол од контрола, ги зафатил и другите ниви, но го опфатил и 63-годишниот прилепчанец со иницијали С.Д. Прилепчанецот загинал на местото на несреќата. Екипата на итната помош само констатирала смрт. Пожарот ги зафатил и другите ниви, но од противпожарната единица од Прилеп е изгаснат – истакна основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.