г.г. Стефан: Народната сплотеност и единство се најпотребни во вакви злокобни неприлики

Сподели го ова:































Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, повикува на сплотеност и молитва по ужасната трагедија која се случи пред неколку дена во Кочани

Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни. Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување. Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија ̶ да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме. Со Божји благослов – порачува архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.




Сподели го ова:

Слични објави