УБАВИНА ВО ПРИЛЕП: “Ројалковците” со спектакуларен свечен настан во киното “Мис Стон” во Прилеп
Малите ангелчиња од “Royal Kids House” -Прилеп заедно со нивните наставнички, направија спектакуларен свечен настан во киното Мис Стон во Прилеп, каде на присутната публика им приредија одличен новогодишен настан, односно Новогодишна приредба која вредеше за чиста 5-ка!
Со гордост ви презентираме еден дел од најубавите моменти на нашиот свечен настан, Новодогишната приредба, за којa со љубов се подготвувавме со нашите вредни и трудољубиви Ројалковци. Тие гордо и покажаа на публиката што знаат и умеат, а ние само нанижавме уште еден бисер во нашиот ѓердан на успеси и достигнувања – истакнаа од “Royal Kids House” -Прилеп.