Направен е првиот чекор за враќање на сјајот на прилепска чаршија
Денеска, прилепската чаршија “на големо” го отпочна еден од најголемите шопинг настани „Prilep OUTLET Weekend“. Настанот ќе биде денес и утре 17-ти и 18 февруари, а во истиот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија. Станува збор за бутици за облека и обувки, детски бутици, кафетерии, парфимерии продавници за бела техниика.
Почитувани мои сограѓани и почитувани трговци од нашиот град Прилеп, Ви посакувам да имаме успешен прв ,,Прилеп аутлет викенд-2023″! Заедно ќе придонесеме за враќање на сјајот на прекрасната прилепска чаршија со сета своја ексклузивност! – исткна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.