Јовчески во Битола на промоцијата на ИПА проектот Г.ЕМ.С.
Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, вчера се обрати во Битола на промоцијата на ИПА проектот Г.ЕМ.С.
ИПА проект со посебно значење за овој Пелагониски-плански регион: Stimulating Green Employment: Across Border Educational and technological Innovation Hot-Spots (GE.M.S) – Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации. Во рамките на проектот ќе се гради: Регионална стратегија за транзиција кон зелена економија на пелагонискиот плански регион, 10 компаниски стратегии на релевантни компании, апликации за ИПАРД, ФИТР и зелени економии, 10 Бизнис планови за старт ап компании, 10 акциони планирања и многу други активности кои се предвидени со проектот за заштита на животната средина во овој прекуграничен регион.
Енергетската трансформација во општеството, кое добива своја енергија од обновливи извори, креира потреба од нова генерација на едуцирани млади луѓе, кои ќе го забрзаат овој процес. Високото образование тука има клучна улога. Ова претставува голема стимулација и предизвик на високото образование и на реномираните академии кои делуваат во двата региони, да создаваат и креираат вештини, за практични искуства кај млади, за развивање на овој сектор, на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, обучувајќи ги за користење на современи зелени технологии.Исто така, ова претставува и голема можност за нови бизниси на економските субјекти, деловни конекции и соработка, за намалување на невработеноста и создавање на нови работни места, во овој прекуграничен заеднички регион.
Верувам дека со ваквото пријателство, взаемно вмрежување на образовните академски институции од двете држави, со активно поврзување на бизнис заедницата од двете страни и размена на знаења и искуства, заеднички ќе ја постигнеме целта во овој наш заеднички прекугрaничен регион и ќе создадеме иновациски и технолошки центри, кои би биле постојано поврзани со концептите на зелена енергија и циркуларната економија. Во овој период на економски и енергетски предизвици, размената на знаење и развивање на нови технолошки процеси и деловни практики е од особено значење. Ние тоа мора да го поддржиме и да го развиваме за заедничкиот регион да стане подобро место за живеење за сите нас – истакна Јовчески.