|

На турнирот св. Никола, со едноминутно молчење присутните му оддадоа почит на неодамна починатиот Љупчо Перканоски

Сподели го ова:


























Викендов, во салата „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп започна и сениорскиот дел од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“.

Уште пред да започне првиот фудбалски меч, присутните во салата со едноминутно молчење му оддадоа почит на неодамна починатиот Љупчо Перканоски од „Автоконтрол“, кој што беше голем поддржувач на спортот, а воедно и поранешен фудбалер. Перканоски беше семеен човек, сопруг, татко на две деца, голем хуманист, добротворец, искрен пријател и почитуван млад бизнисмен. Помагаше секаде и секому! Тој беше човекот со ангелски лик и ангелска хумана душа!




Сподели го ова:

Слични објави